Сноублејд

  • РЕЗЕРВИРАЈТЕ ОНЛАЈН ДО 35% попуст

    Наем на кратки скии (сноублејд)

Многу луѓе преферираат кратки скии, наместо вообичаените скии, затоа што многу полесно можат да се контролираат, а скијањето со нив носи задоволство и радост.

Кратките скии што ги нудиме во нашата продавница ,,Ski & Board Traventuria” во Банско и Боровец се со должина од 90 см, од брендовите на Елан (Elan) и Саломон (Sаlomon).

Цените можете да ги проверите преку интернет и да направите резервација преку формуларот за резервација.

Доколку имате повеќе прашања во врска со овој вид на скии, исконтактирајте нѐ .

Овие скии постоеле под името Сноуборд сè додека Саломон не ја претставил својата марка како ,,сноублејд”. Денес тие се познати под неколку различни имиња – скиборди, кратки скии и др. Големините варираат од 99 см, 90 см до 75 см. Популарни модели се од брендовите: Елан (Elan), Фајв Форти (Five forty), Саломон (Salomon). Поради нивната големина, вртењето и запирањето е многу полесно (бонус за почетниците). Ова претставува една од главните причини зошто можат полесно да се контролираат и зошто се многу полесни и поудобни за носење.

Кратките скии се скии заоблени на двата краеви(твин-тип).Заоблените краеви имаат соодветни облини напред и назад на скиите. Ова му овозможува на скијачот многу поголема прилагодливост. Исто така овозможуваат полесно вртење без чувство на ограниченост како што може да има при традиционално скијање. Заоблените краеви го прават ветерот попријатен при спуштање и овозможуваат скијање наназад. Но не сите кратки скии имаат заоблени краеви.Скијањето со кратки скии ви дава чувство на поголема слобода и чувство на поголема сигурност во споредба со традиционалните скии или сноуборди. Со употреба на овие скии имате чувство на пријатно лизгање, а и претставуваат убав начин за уживање на планина.

Пробајте го ова искуство на ден или два и ако не се пронајдете, секогаш можете да се префрлите на даски или подолги скии.

Booking

Note