Пешачење со снегохотки (дрезги)

Пешачење со снегохотки (дрезги)

РЕЗЕРВИРАЈТЕ ОНЛАЈН ДО 35% ПОПУСТ

Еднодневно планинарско пешачење со снегохотки (дрезги)

ЛЕСНА ПАТЕКА

Патеката е за љубители на планината коишто никогаш не го практикувале овој возбудлив зимски спорт, како и за оние коишто претпочитаат пешачење без голем физички напор. Со оглед на тоа дека нема изразено стрмни делови, оваа патека е погодна и за деца. Шумите од ела покриени со мек снег во Националниот парк „Пирин“ (УНЕСКО) и неговите импозантни ледени врвови се прекрасно место каде што можете за првпат да се обидете да пешачите со снегохотки. Оваа снежна авантура е во времетраење од 3 часа.

СРЕДНО ТЕШКА ПАТЕКА

Избегајте од преполните ски патеки на Банско и искусете ја прекрасната природа наоколу на еден поинаков начин! Обујте ги снегохотките и дојдете на прошетка со нас низ величествените шуми и огромното планинско пространство на планината Пирин! Патеката е погодна за луѓе коишто имаат претходно искуство со зимски алпинизам и се во доволно добра физичка форма за пешачење низ снегот во времетраење од 4-5 часа. На ваше барање, можеме да ја продолжиме турата и на враќање да застанеме во селото Добриниште каде што ќе можете малку да се разгалите и да се релаксирате во топлите минерални базени!

ПАТЕКА ЗА НАПРЕДНАТИ

Заради релативно тешката природа на оваа патека, потребна е добра физичка форма и претходно планинарско искуство. Времетраењето на турата е помеѓу 3,5 и 4 часа коишто ќе ви поминат дур да трепнете, додека пред вас се откриваат живописни панорами на најубавите делови на планината Пирин, наградувајќи ве за вашите напори.

ЦЕНА (ПО ЛИЦЕ):

1:  145 евра

2-3: 88 евра

4 или повеќе: 169 евра

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

Превоз од/до вашето сместување во Банско

Планински водич кој зборува англиски јазик

Изнајмување на снегохотки и стапчиња за планинарење

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Сместување

Планинско осигурување (силно препорачуваме да извадите соодветно медицинско осигурување)

Храна и пијалаци

Бакшиш (опционално)